Skip to main content

ИН е да си ИНтерактивен

     На успешните ученици, заедничко им е тоа што, во некој момент, во текот на школувањето, имале наставник кој успеал да ги убеди дека можат да постигнат сé што сакаат, само ако научат да размислуваат, да бидат истрајни во развивање на логичен потенцијал и во барање одговори на прашањата: 

! Зошто некои училишта се јавна одговорност и служат за градење моќни, продорни и одржливи животни средини, а нашето не е?
! Зошто некои училишта се моќни институции, инструменти за создавање висок економски раст, добар потенцијал за иновации и унапредување на здравјето, а нашето не е?
!   Зошто некои училишта се раководат од високо развиена емоционална интелигенција и моќ да владеат без да малтретираат некого, а нашето не?
!     Зошто некои училишта се раководат од личен пример за морални и етични вредности отпорни на ниски искушенија, а нашето не?
!     Зошто некои училишта се раководат од високо професионални компетенции и образ, чист како детска солза, а нашето не?
   
    И сосема за крај:
    Зошто нашето училиште е по мерка на ликови, несакани продукти од процесот на партиски, граѓанско-малограѓански и слични економско-исплатливи трансакции, поткусурувања и задкулисни политиканства, а другите се по мерка на детето?

 

Comments

Став 119 - Даниела Стојановска: Реформа на образовен систем е процес, а не настан

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - советник, ООУ„Христијан Карпош“ - Куманово

Наставник - советник - чест и одговорност. Посветеноста на најубавата професија на светот, денес е крунсана со унапредување во највисоко звање. МОН и БРО високо ги оценија компетенциите со кои на моите ученици им овозможувам утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.  https://danielastojanovska.blogspot.com/2021/02/blog-post_5.html

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

На моите, одамна матурирани ученици

                Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник...   .           Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни,   институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот.           Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце.           Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности.           И сега, кога за нив овде нема ...