Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник... . Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни, институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот. Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце. Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности. И сега, кога за нив овде нема ...
Comments
Post a Comment