Skip to main content

Создади смисол, направи промени, размисли и остани дама и на 50+

Најсреќната одлука која ја донесов на моите 50+ години е да ги оставам луѓето, за мене да мислат што сакаат. Ама баш, што сакаат. Впрочем, тоа си е нивна работа, тоа се нивни мисли, нивни капацитети и нивно залудно потрошено време. Јас ниту со тоа, ниту од тоа немам, ама баш ништо.

И сега сум прекрасно слободна!

           Повеќе не се плашам да разочарам некого.
Не влегувам во дискусиии со длабоко фрустрирани луѓе, за да им докажам дека сум во право.

Тоа ми стана здодевно!

Сега навистина жалам за потрошеното време и енергија за таквите глупости, од времето пред моите 50+. Сега ми е премногу смешно и излишно да се присилувам себе си да разговарам со оние со кои не сакам да разговарам, да правам глупави преписки со луѓе кои ниту ми се интересни, ниту ми се достојни. Сега ми се смешни и излишни оние кои сакаат да ми ги закачат сопствените комплекси и фрустрации, како и оние кои сакаат да разговараат со мене за она за кое јас не сакам да разговарам со нив.

Здодевно ми е да велам ДА, кога сѐ во мене вели НЕ. Здодевно ми е да се извинувам заради фактите, аргументите и логиката кои се темел на моето мислење. Повеќе никому не му наметнувам култура на говор и мислење, ама и не дозволувам да ме убедува дека културата, науката и уметноста, кај нас се камен темелник на секоја залудност.

Драги мои дами од генерациите 50+, топло ви препорачувам да научите да ви биде здодевно. Тоа е единственото нешто кое ќе ве спаси и зачува за луѓето од вашиот живот, за оние кои навистина ви значат.

Одбијте емоционално да им служите на оние кои мислат дека нивното мислење треба да го управува вашиот живот!

Уживајте во животот и оставете ги „мислителите“ да се гушат во прашината која ја кревате зад вас.

 Со почит,

Даниела

Comments

Став 119 - Даниела Стојановска: Реформа на образовен систем е процес, а не настан

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - советник, ООУ„Христијан Карпош“ - Куманово

Наставник - советник - чест и одговорност. Посветеноста на најубавата професија на светот, денес е крунсана со унапредување во највисоко звање. МОН и БРО високо ги оценија компетенциите со кои на моите ученици им овозможувам утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.  https://danielastojanovska.blogspot.com/2021/02/blog-post_5.html

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

На моите, одамна матурирани ученици

                Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник...   .           Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни,   институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот.           Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце.           Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности.           И сега, кога за нив овде нема ...