Skip to main content

Честит Ден на младите, каде и да се

Ако сакате децата да ни останат тука, близу до дома, вид(е)ни во наше мало место, не ги повторувајте грешките! На пример:

€     Не ги учете децата дека отменост и воспитаност се идеали за културен и морален живот, без будалаштини.

€      Не ги учете дека грабежливост, алчност и ненаситност се примитивни инстинкти, оправдани само за животински свет.

€      Не ги учете дека знаењето поткрепено со мудрост, дека љубовта поткрепена со дела и дека отменоста поткрепена со брчки, се компетенции за култура на живеење.

€      Не ги учете дека сјајот на парите не може да филтрира духовни пропусти ниту со мудрост на купени дипломи, ниту со љубов од интерес, ниту пак со блискост до разно-разни „добринчини“.

€      Не ги учете дека само отмени, грациозни одликаши можат да им бидат советници за локално образовние на двојкашите - протекционаши.

Напротив, направете напор и згаснете им ги: желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности. Ако не го сторите тоа, тогаш овде, на малите места близу до дома, сонцето нема да им ја топли душата, онака како што заслужуваат. Тогаш ќе си го фатат патот до место каде што децата ќе им учат, творат и добиваат признанија на туѓ јазик, јазик на кој еднина од луѓе е ЧОВЕК.

Тогаш тука, на малите места близу до дома, ќе нема кој да ја одбрани шегобијноста на кумановскиот дијалект и духовниот идентитетот на кумановци, од апсурдот на смешните...ептен смешни, недуховити сограѓани.

Comments

Став 119 - Даниела Стојановска: Реформа на образовен систем е процес, а не настан

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - советник, ООУ„Христијан Карпош“ - Куманово

Наставник - советник - чест и одговорност. Посветеноста на најубавата професија на светот, денес е крунсана со унапредување во највисоко звање. МОН и БРО високо ги оценија компетенциите со кои на моите ученици им овозможувам утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.  https://danielastojanovska.blogspot.com/2021/02/blog-post_5.html

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

На моите, одамна матурирани ученици

                Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник...   .           Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни,   институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот.           Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце.           Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности.           И сега, кога за нив овде нема ...