Skip to main content

Ментална гимнастика за Ден на ментално здравје

 

Знаевте ли дека денес е Ден на менталното здравје? Јас искрено се изненадив што барем во еден ден од годината, имаме потполно право да им кажеме НЕ на манипулаторите. Едноставно, оправдано и светски поддржано НЕ за оние кои никогаш не играат за туѓ интерес, никогаш не  признаваат сопствена вина и секогаш ги извртуваат работите за токму тие да изгледаат како жртви.

НЕ за оние кои, во последно време, се намножија толку многу што наскоро ние, „малцинството“, ќе мора да им се извинуваме за тоа што ни го бербатат училиштето, градот, државата. Знам дека наскоро ќе мора да им се извинуваме за тоа што дури и тогаш кога нивната партија губи, тие добиваат, ама денес НЕ!

Денес НЕ мора да им се заблагодариме за тоа што ни дозволуваат да го слушаме ехото од пцостите во прво лице множина и ни овозможуваат да плукаме во височина или контра ветрот.

А утре е нов Ден!

Comments

Став 119 - Даниела Стојановска: Реформа на образовен систем е процес, а не настан

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - советник, ООУ„Христијан Карпош“ - Куманово

Наставник - советник - чест и одговорност. Посветеноста на најубавата професија на светот, денес е крунсана со унапредување во највисоко звање. МОН и БРО високо ги оценија компетенциите со кои на моите ученици им овозможувам утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.  https://danielastojanovska.blogspot.com/2021/02/blog-post_5.html

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

На моите, одамна матурирани ученици

                Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник...   .           Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни,   институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот.           Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце.           Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности.           И сега, кога за нив овде нема ...