Skip to main content

Создади смисол, размислувај и сочувствувај

    

    Сега, на моите 50+, ме радува тоа што можам, на младите луѓе да им пренесам животна лекција, како лична, топла препорака:

  • Одбијте емоционално да им служите на оние кои сметаат дека нивното „мислење“ треба да го управува вашиот живот!
  • Создадавајте смисол, сочувствувајте и размислувајте.
  • Уживајте во животот и оставете ги „мислителите“ да се гушат во прашината која ја кревате зад вас.
  • Не наметнувајте култура на говор и мислење, ама и не дозволувајте да ве убедуваат дека културата, науката и уметноста, кај нас се камен темелник на секоја залудност.
  • Не се плашете да ги разочарате оние кои не ви се достојни.
  • Не влегувајте во дискусиии со длабоко фрустрирани луѓе, за да им докажете дека фактите се секогаш во право.
    Тоа се единствените нешта кои ќе ве спасат, ќе ве сочуваат за луѓето од ваиот живот, за оние кои навистина ви значат, за оние кои вредат.
    Зашто, уште на Вашите 40+, ќе ви стане здодевно да велите ДА, кога сѐ во вас вели НЕ. Ќе ви стане здодевно да се извинувате заради фактите, аргументите, доказите и логиката на кои се темели вашето мислење. Вистински ќе зажалите за потрошеното време и енергија за таквите глупости, од времето пред 40+.
    Ќе ви стане смешно и излишно да се присилувате себе за да разговарате со оние со кои не сакате да разговарате и да правите глупави преписки со луѓе кои ниту ви се интересни, ниту ви се достојни.
    Ќе ви станат смешни и излишни оние кои сакаат да ви ги закачат сопствените комплекси, фрустрации, алчност и глупавост, а особено оние кои ќе сакаат да разговараат со вас за она за кое вие не сакате да разговарате со нив.

Comments

Став 119 - Даниела Стојановска: Реформа на образовен систем е процес, а не настан

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - советник, ООУ„Христијан Карпош“ - Куманово

Наставник - советник - чест и одговорност. Посветеноста на најубавата професија на светот, денес е крунсана со унапредување во највисоко звање. МОН и БРО високо ги оценија компетенциите со кои на моите ученици им овозможувам утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.  https://danielastojanovska.blogspot.com/2021/02/blog-post_5.html

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

На моите, одамна матурирани ученици

                Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник...   .           Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни,   институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот.           Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце.           Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности.           И сега, кога за нив овде нема ...