Skip to main content

Posts

Создади смисол, направи промени, размисли и остани дама и на 50+

Најсреќната одлука која ја донесов на моите 50+ години е да ги оставам луѓето, за мене да мислат што сакаат. Ама баш, што сакаат. Впрочем, тоа си е нивна работа, тоа се нивни мисли, нивни капацитети и нивно залудно потрошено време. Јас ниту со тоа, ниту од тоа немам, ама баш ништо. И сега сум прекрасно слободна!             Повеќе   не   се   плашам   да   разочарам   некого . Не   влегувам   во дискусиии со длабоко фрустрирани луѓе, за да им докажам   дека   сум   во   право . Тоа ми стана здодевно! Сега навистина жалам за потрошеното време и енергија за таквите глупости, од времето пред моите 50+. Сега ми е премногу смешно и излишно да се присилувам себе си да разговарам со оние со кои не сакам да разговарам , да правам глупави преписки со луѓе кои ниту ми се интересни, ниту ми се достојни. Сега ми се смешни и излишни оние кои сакаат да ми ги закачат сопствените комплекси и фрустрации, како и оние кои сакаат да разговараат со мене за

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - ментор

  За свет во кој луѓето се охрабруваат да размислуваат и да зборуваат за себе:

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

Мотивирање на учениците за учење математика

     Од најрана возраст родителите, а потоа и наставниците, кои се подготвени да им помогнат на своите деца, ученици да напредуваат во училиште, треба да бидат свесни за факторите што влијаат на мотивацијата. Мотивацијата на децата за учење математика, може да има драматично влијание врз перформансите и резултатите кои тие ќе ги постигнуваат како ученици. Се разбира, станува збор за математика која е за расудување, разбирање и докажување, а не за пресметување. Мојот мотив за темава е токму оваа, навидум „невозможна мисија“, да ја направме возможна!       Повеќе во „Неколку стратегии за мотивирање на учениците за учење математика“ Д. Стојановска, МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС, 8 (2020) Институт за математика, ПМФ или на: http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-8.html    

СТЕАМ: Иновативни пристапи

Иновативните пристапи кои ги промовира проектот Innovation starts with action, на учениците им овозможуваат  уште во основно образование, на едноставен начин, да се стекнат со вештини во STEAM -  предметите неопходни за идните иноватори, технолози, инженери, научници...

Даниела Стојановска: Наколку стратегии за мотивирање на учениците за учење математика/Математички омнибус, ИМ при ПМФ, УКИМ, Скопје

   Мотивацијата за учење не е индивидуална карактеристика со која ученикот доаѓа на училиште, или пак карактеристика која ученикот ја поседува или не.  Напротив, мотивацијата ја гради и развива наставникот со своето однесување на наставниот час, со кое дава свое обележје на процесот на реализацијана наставната материја.    Мотивацијата има дава  цел и насока на амбициите и потребите, односно го дефинира севкупното однесување на ученикот. Наставникот може да ја зголеми внатрешната мотивација на ученикот, да ја потисне неговата жед за знаење и учење...  Повеќе на:   http://im-pmf.weebly.com/uploads/5/8/9/8/58988609/2_daniela_stojanovska-2020.pdf  

Даниела Стојановска: Задачи од отворен тип во наставата по математика / Математички омнибус, ИМ при ПМФ, УКИМ, Скопје

    За да ги стимулираме учениците да разрешуваат математички проблеми, неопходно е да ги замениме задачите од затворен, со задачи од отворен тип.     Неопходно е барањата на наставникот, учениците да пресметаат, решат, одредат ида применат алгоритам, да ги замениме со барања учениците да увидат, размислат, поврзат, препознаат математички елементи и да образложат...   Повеќе на:   http://im-pmf.weebly.com/uploads/5/8/9/8/58988609/11_daniela_stojanovska_-_sec.pdf