Skip to main content

Posts

ИН е да си ИНтерактивен

       На успешните ученици, заедничко им е тоа што, во некој момент, во текот на школувањето, имале наставник кој успеал да ги убеди дека можат да постигнат сé што сакаат, само ако научат да размислуваат, да бидат истрајни во развивање на логичен потенцијал и во барање одговори на прашањата:   !  Зошто некои училишта се јавна одговорност и служат за градење моќни, продорни и одржливи животни средини, а нашето не е? !  Зошто некои училишта се моќни институции, инструменти за создавање висок економски раст, добар потенцијал за иновации и унапредување на здравјето, а нашето не е? !     Зошто некои училишта се раководат од високо развиена емоционална интелигенција и моќ да владеат без да малтретираат некого, а нашето не? !       Зошто некои училишта се раководат од личен пример за морални и етични вредности отпорни на ниски искушенија, а нашето не? !       Зошто некои училишта се раководат од...

Честит Ден на младите, каде и да се

А ко сакате децата да ни останат тука, близу до дома, вид(е)ни во наше мало место, не ги повторувајте грешките! Н а пример: €       Не ги учете децата дека отменост и воспитаност се идеали за културен и морален живот, без будалаштини. €       Не ги учете дека г рабежливост, алчност и ненаситност се   примитивни инстинкти, оправдани само за животински свет. €       Не ги учете дека знаењето поткрепено со мудрост, дека љубовта поткрепена со дела и дека отменоста поткрепена со брчки, се компетенции за култура на живеење. €       Не ги учете дека сјајот на парите не може да филтрира духовни пропусти ниту со мудрост на купени дипломи, ниту со љубов од интерес, ниту пак со блискост до разно-разни „добринчини“. €       Не ги учете дека само отмени, грациозни одликаши можат да им бидат советници за локално образовние на двојкашите - протекционаши. Напротив, направете напор и ...

На моите, одамна матурирани ученици

                Им се извинувам за тоа што им премолчав дека овде, токму зад бистата на Карпош, ниту знаење, ниту интелект, а уште помалку морална одговорност, не поминуваат на „приемниот испит“ за раководител, управител, директор, советник...   .           Им се извинувам за тоа што ги премолчав сите лицемерни, богохулни,   институционално поддржани дејанија, на луѓе без чувство на срам и совест, токму овде, зад грб на патронот.           Им се извинувам за тоа што ги оставив сами да увидат дека бессовесни безр’бетници или оние со р’бет свитлив како банкнота во џеб, го грабаат најголмиот дел од нашето сонце.           Ама што друго можев, кога не сакав да им ги згаснам желбата за учење, знаење, умеење и меракот да се изградат како етични, морални и одговорни личности.           И сега, кога за нив овде нема ...

Создади смисол, направи промени, размисли и остани дама и на 50+

Најсреќната одлука која ја донесов на моите 50+ години е да ги оставам луѓето, за мене да мислат што сакаат. Ама баш, што сакаат. Впрочем, тоа си е нивна работа, тоа се нивни мисли, нивни капацитети и нивно залудно потрошено време. Јас ниту со тоа, ниту од тоа немам, ама баш ништо. И сега сум прекрасно слободна!             Повеќе   не   се   плашам   да   разочарам   некого . Не   влегувам   во дискусиии со длабоко фрустрирани луѓе, за да им докажам   дека   сум   во   право . Тоа ми стана здодевно! Сега навистина жалам за потрошеното време и енергија за таквите глупости, од времето пред моите 50+. Сега ми е премногу смешно и излишно да се присилувам себе си да разговарам со оние со кои не сакам да разговарам , да правам глупави преписки со луѓе кои ниту ми се интересни, ниту ми се достојни. Сега ми се смешни и излишни оние кои сакаат да ми ги закачат соп...

Професионално портфолио: Даниела Стојановска, наставник - ментор

  За свет во кој луѓето се охрабруваат да размислуваат и да зборуваат за себе:

Критичкото размисување, ефективната комуникација и решавање проблеми

      Критичкото размисување и ефективната комуникација, мора да бидат основни вредности за нашите денешни ученици. Само со овие компетенции, тие ќе можат утрешните проблеми да ги решаваат со помош на отворен ум и почитување, наместо со помош на интерес и моќ.      Квалитететот на решение на проблем може да се докаже исклучиво со критичко размислување, односно со проверка и ревизија на употребната вредност на решението, според реални параметри, во реални услови.     Критичко размислување е интелектуално дисциплиниран процес на решавање проблеми, кој овозможува секое наредно решение на еден проблем, да биде поквалитетно од сите претходно понудени решенија за истиот проблем...          https://drive.google.com/file/d/1ihcdg4iTqcfA642KT9CV18rbnyNqXZwb/view

Мотивирање на учениците за учење математика

     Од најрана возраст родителите, а потоа и наставниците, кои се подготвени да им помогнат на своите деца, ученици да напредуваат во училиште, треба да бидат свесни за факторите што влијаат на мотивацијата. Мотивацијата на децата за учење математика, може да има драматично влијание врз перформансите и резултатите кои тие ќе ги постигнуваат како ученици. Се разбира, станува збор за математика која е за расудување, разбирање и докажување, а не за пресметување. Мојот мотив за темава е токму оваа, навидум „невозможна мисија“, да ја направме возможна!       Повеќе во „Неколку стратегии за мотивирање на учениците за учење математика“ Д. Стојановска, МАТЕМАТИЧКИ ОМНИБУС, 8 (2020) Институт за математика, ПМФ или на: http://im-pmf.weebly.com/matematicki-omnibus-kniga-8.html